Мурињо ја носи легендата на Реал Мадрид во Бенфика

September 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо ја носи легендата на Реал Мадрид во Бенфика

Бенфика е поврзана со изненадувачки трансфер – ангажман на Карим Бензема, кој е една од желбите на новиот тренер Жозе Мурињо. Двајцата имаат одлична соработка уште од времето кога заедно работеа во Реал Мадрид. Мурињо минатата недела официјално се врати во Бенфика, клубот каде пред 25 години ја започна својата тренерска кариера, а медиумите веднаш почнаа да шпекулираат со можни засилувања. Францускиот напаѓач моментално ја одработува последната година од договорот со Ал Итихад и би можел да биде откупен за околу пет милиони евра. Сепак, за да се реализира трансферот, Бензема би морал да прифати значително намалување на својата плата. Интерес за 36-годишниот голгетер пројавуваат и други европски клубови, како и тимови од МЛС, што дополнително ја комплицира мисијата на Бенфика.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.