Мурињо казнет бидејќи зборувал тоа што не треба!

November 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо казнет бидејќи зборувал тоа што не треба!

Фудбалскиот сојуз на Турција одлучи да казни Жозе Мурињо поради непристојно однесување кон навивачите на Трабзонспор во натпревар во кој Фенер славеше со гол во 102. минута. Тој даваше контроверзн изјави по натпреварот и ќе биде казнет со околу 24.500 евра. Португалецот ги обвини судиите дека го поддржуваат Галатасарај, со оглед што досудија два пенали за Трабзонспор. Судијата Атила Караоглан го нарече „невидлив човек“, додека главниот судија го нарече „само дете“. „Се бориме против систем кој е во служба на еден клуб“, изјави Мурињо. Тој додаде дека ако ја знаел „целата приказна“, можеби не би се решил да дојде во Турција да биде тренер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.