Мурињо: Ќе ја освојам Премиер лигата ако Сити биде казнет!

October 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо: Ќе ја освојам Премиер лигата ако Сити биде казнет!

Жозе Мурињо кој во моментов го води Фенербахче беше запрашан за сезоната 2017/18 година кога Мурињо беше тренер на Манчестер Јунајтед и кога неговиот тим заврши на второто место после Манчестер Сити. Португалецот се присети на судењето кое во моментов се одвива против Сити за наводните 115 прекршувања каде на Сити би можеле да им бидат одземени титули, па и да биде исфрлен во понизок ранг. „Мислам дека имаме шанси да ја освојам титулата со Манчестер Јунајтед од 2018 година бидејќи Манчестер Сити може да биде казнет“, изјави Мурињо. Тој истакна и дека си заминал од клубот со добри чувства кон него и му посакува се најдобро.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.