Мурињо: Ме нападнаа за расизам не знаејќи го моето минато

March 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо: Ме нападнаа за расизам не знаејќи го моето минато

Жозе Мурињо, тренерот на Фенербахче, ги негираше обвинувањата за расизам што дојдоа од редовите на Галатасарај. „Ме нападнаа без да го знаат моето минато. Немаа поим за моите односи со Африка, африканските фудбалери и хуманитарните организации. Сакаа да ми наштетат, но тоа им се врати. Луѓето се свесни каква личност сум. Имам свои маани, но расизмот не е една од нив. Обидот да ме нападнат на оваа основа беше погрешен чекор“, изјави Мурињо за „Скај Спортс“. На 27 февруари, по натпреварот од 25. коло во турскиот шампионат против Галатасарај (0:0), 62-годишниот стратег доби суспензија од четири натпревари поради своите коментари за противничката клупа. Тој изјави дека противниците „скокаат како мајмуни“. По поднесената жалба, забраната му беше намалена на два натпревара.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.