Мурињо му остави долг на Фенер од 757 илјади евра

November 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо му остави долг на Фенер од 757 илјади евра

Жозе Мурињо повторно е во фокусот на турските медиуми, но овојпат не поради фудбалски успеси. Според најновите информации, поранешниот стратег на Фенербахче оставил зад себе огромен долг во луксузниот хотел „Four Seasons“ во Истанбул, каде што престојувал за време на неговиот ангажман во турскиот клуб. Мурињо, кој беше отпуштен на крајот на август, пред неколку недели да го преземе кормилото на Бенфика, мина околу 15 месеци на клупата на Фенербахче. За тоа време, тој живеел во еден од најелегантните хотели на Босфорскиот канал — место познато по своите скапи апартмани, приватни пристаништа и поглед кој го поврзува европскиот со азискиот дел на Истанбул. По прекинот на договорот, со кој му беше гарантирана отштета од 15 милиони евра, Мурињо се врати во Португалија. Меѓутоа, зад него останала сметка која неодамна ја обелоденија турските медиуми — наводно висока 36,5 милиони турски лири, што изнесува околу 757.000 евра. Сè уште не е јасно кој ќе ја покрие оваа импресивна сума – самиот тренер или клубот. Според првичните шпекулации, можно е долгот да премине на товар на Фенербахче, бидејќи престојот во хотелот бил дел од договорените услови со клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.