September 27, 2024 | | Свет
Жозе Мурињо беше на мета на огромни критики по поразот од Галатасарај, но впечатокот малку се поправи со вчерашната победа над Унион од 2-1 во Лигата на Европа. Обраќајки им се на новинарите, тој им откри дека спие во тренинг центарот на клубот со цел да не троши многу време и работи по 12 часа дневно. Португалецот исто така им рече дека никој менаџер не освоил тренер уште во септември и дека резултатите допрва ќе дојдат. „Што значи „Мурињо ефектот“? Мурињо ефектот значи трофеи и никој не освоил трофеи во септември. Освоив трофеи во сите клубови во кои бев, освен во Тотенхем каде ме избркаа на два дена пред финалето во Купот. Мурињо ефектот е гаранција за трофеи, но морам со жалење да ви кажам дека не се освојуваат трофеи во септември. Не знам по колку работите вие новинарите, но јас работам по 12 часа во денот. Спијам во тренинг центарот за да не губам време. Истанбул е убав град, но не дојдов тука на одмор, дојдов да работам. Такви сте вие новинарите, треба да престанете со притисоци. Кога победуваме, не носите на месечината, кога губиме, не праќате во пеколот. Јас сакам да одам на месечината, но засега се уште е многу далеку. Сум освоил многу во кариерата, а тоа е резултат на напорна работа, така ќе биде и тука“, им рече Мурињо на новинарите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |