November 8, 2024 | | Свет
Како што пренесува „The Guardian“, Жозе Мурињо посакува да седне на клупата на Њукасл ако Еди Хау замине од клубот. Португалецот смета дека има незавршена работа во Премиер лигата и смета дека Њукасл би бил добра опција за него. Во Фенербахче дојде ова лето откако претходно беше отпуштен од Рома. Наводно тој им се обратил на претставниците на Њукасл уште во март кога имало и средба. Њукасл беше пет натпревари без победа во Премиер лигата пред да го совладаат Арсенал последното коло. Мурињо во Англија го водеше Челси во два наврати, а беше и на клупите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |