Мурињо посакува невозможно сценарио: Би сакал и Атлетико и Барселона да загубат!

November 6, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо посакува невозможно сценарио: Би сакал и Атлетико и Барселона да загубат!

Жозе Мурињо повторно го привлече вниманието со својот препознатлив хумор и интересна изјава пред големото дерби меѓу Атлетико Мадрид и Барселона. Португалскиот стратег на прес конференција беше запрашан за претстојниот дуел меѓу двата големи ривали, а неговиот одговор сигурно ќе ги насмее навивачите на „кралскиот клуб“. „Би сакал и двете екипи да загубат, но тоа е невозможно. Тоа е многу едноставен натпревар затоа што некој ќе загуби бодови“, изјави Мурињо. Натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона е закажан за недела, со почеток во 21:00 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.