Мурињо се налутил и ги заклучил играчите во соблекувалната: „Ако вака терате, јас заминувам“!

September 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо се налутил и ги заклучил играчите во соблекувалната: „Ако вака терате, јас заминувам“!

Фенербахче доживеа тежок пораз од Галатасарај со 1:3 на домашен терен. Тимот на Мурињо падна на првиот голем тест сезонава, а по натпреварот атмосферата била тензична. Тој наводно ги заклучил фудбалерите во соблекувалната и им ги укажал сите грешки. Новинарот Серчан Хамзаоглу додаде и дека Мурињо се заканил дека ако ова продолжи, тој ќе си замине. „Мурињо го собра тимот и ја заклучи соблекувалната. Пред големиот екран им ги објаснуваше грешките на фудбалерите, а потоа кажа: Дојдов тука да бидам шампион. Ако повторно видам ваков натпревар, ќе го напуштам клубот“, откри Хамзаоглу. Фенербахче го доведе Мурињо за да го прекине постот од десет години без лигашка титула.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.