Мурињо со жестока порака за аферата „Негреира“

October 14, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо со жестока порака за аферата „Негреира“

Жозе Мурињо упати остри критики за начинот на кој се третира аферата „Негреира“ во Шпанија, правејќи споредба со италијанскиот скандал „Калчополи“. На прашањето дали во Реал Мадрид постојано зборуваат за судиите за да го одвлечат вниманието од сопствените проблеми, португалскиот стратег одговори со коментар за случувањата во италијанскиот и шпанскиот фудбал. „Би сакал да им честитам на Италијанците. Знаете зошто? Италија го доживеа скандалот „Калчополи“, афера која беше целосно откриена и истражена. Но, и покрај сè што се случуваше во Шпанија со „Негреира“, како и она што сè уште се случува, нема апсолутно никакво дејствување“, изјави Мурињо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.