Мурињо среќен: Искусниот стопер потпиша за Фенербахче!

January 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо среќен: Искусниот стопер потпиша за Фенербахче!

Фенербахче денеска и официјално го потврди ангажманот на Милан Шкрињар, кој пристигнува како позајмен играч од ПСЖ до крајот на сезоната. Поранешниот капитен на Интер не успеа да се наметне во францускиот гигант, а ситуацијата умешно ја искористи Жозе Мурињо, убедувајќи го да му се приклучи на турскиот клуб.

„Нашиот клуб постигна договор со ПСЖ за позајмица на Милан Шкрињар. Тој ќе го носи жолто-синиот дрес до крајот на сезоната“, стои во официјалното соопштение на Фенербахче.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.