Мурињо тргна во офанзива: Санчо следната ѕвезда во Турција?

June 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо тргна во офанзива: Санчо следната ѕвезда во Турција?

Фенербахче сериозно тргнува на фудбалскиот пазар, а најновата мета е англискиот офанзивец Џејдон Санчо. Според турските и англиските медиуми, Жозе Мурињо лично му се јавил на Санчо во обид да го убеди да се пресели во Истанбул и да стане дел од амбициозниот проект на „жолто-сините“. Турските гиганти, Фенербахче и Галатасарај, ова лето се борат за превласт на трансфер-пазарот. По сензационалниот потпис на Лерој Сане од страна на Галата, Фенер реши да не седи со скрстени раце и тргна по засилување кое ќе одекне на ист начин – и изборот падна токму на Санчо. Наводно, клубот е подготвен да понуди 15 милиони фунти, но Манчестер Јунајтед поставил цена од минимум 25 милиони за да се раздели со 24-годишниот репрезентативец на Англија. Иако лани пристигнаа астрономски понуди од Саудиска Арабија, Санчо ги одби бидејќи не сакаше да ја напушти Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.