Мурињо за 10 минути увидел каков талент е Дин Хујсен!

May 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо за 10 минути увидел каков талент е Дин Хујсен!

Дин Хујсен од следната сезона ќе игра за Реал Мадрид. Првата сериозна шанса на големата сцена му ја даде Жозе Мурињо додека беше тренер на Рома. Во тоа време, Хујсен беше играч на Јувентус и имаше одиграно само околу десет минути во сениорскиот тим. Мурињо веднаш го забележа неговиот потенцијал и побара од раководството на Рома да го донесе. Така, во јануари 2024 година Хујсен пристигна на позајмица и под водство на Португалецот доби поголема минутажа. „Дин Хујсен има само 10 минути во Серија А, но тој е еден од најголемите таленти во фудбалот. Ќе биде голем играч во иднина.“ По отказот на Мурињо, Хујсен продолжи да игра и под водство на Де Роси. По крајот на сезоната, Јувентус го продаде на англискиот клуб Борнмут. По една сезона во Премиерлигата, Реал Мадрид реши да го купи за околу 60 милиони евра. Хујсен има и холандско и шпанско државјанство. Играл за младинските селекции на Холандија до 17, 18 и 19 години, но потоа доби повик од Шпанија до 21 година и реши да го промени националниот тим. Оваа година дебитираше и за сениорската репрезентација на Шпанија и веќе има два настапа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.