May 29, 2025 | | Свет
Жозе Мурињо уште еднаш ја потврди својата препознатлива харизма и остроумен хумор, зборувајќи за своето златно минато со Интер. Во изјава за „Скај Спорт“, Португалецот се пошегува дека оваа сезона бил „загрижен“ дека миланскиот клуб би можел да ја повтори неговата славна тројна круна од 2009/10 година. „Ќе звучам малку злобно, но искрено — навистина не сакав Интер да ја освои тројната круна. Тоа е моја круна“, изјави Мурињо со карактеристичната насмевка. Да потсетиме, Мурињо е последниот тренер што ја донесе титулата од Лигата на шампионите во Италија, токму со Интер. Во сезоната 2009/10, тој го водеше тимот до историски триумф — Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите, победувајќи го Баерн Минхен во финалето на „Сантијаго Бернабеу“. Иако Интер оваа сезона беше во игра за реприза, Скудетото заврши кај Наполи, а Купот кај Болоња, што ја затвори вратата за тројната круна. Сепак, Мурињо сега им посакува успех на „нераѕурите“ во финалето на Лигата на шампионите. „Сакам Интер да ја освои ЛШ. Но, ако победи ПСЖ, ќе ми биде драго и за Луис Енрике — направи одлична работа таму“, додаде Мурињо. Финалето на најпрестижниот европски клупски турнир ќе се одигра в сабота, на 31 мај.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |