Мурињо за судиите: Мојот проблем е лошата среќа што ме следи

October 8, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо за судиите: Мојот проблем е лошата среќа што ме следи

Жозе Мурињо повторно зборуваше за односите со судиите и за контроверзиите што го следеле во текот на неговата кариера. Португалскиот стратег смета дека проблемот не е во неговиот однос кон арбитрите, туку во, како што вели, лошата среќа која го следи во одредени клубови. „Сметам дека јас не сум проблемот во односот со судиите. Проблем е мојата лоша среќа која ме следи во одредени клубови. На пример, бев тренер на Реал Мадрид во првиот мандат, кога аферата Негреира беше на својот врв. Во тие моменти јавноста и навивачите немаа поим за тоа, додека ние моравме да се бориме и да се справуваме со тие работи. Истото ми се случи и во Турција. За големиот судиски скандал се дозна дури откако јас го напуштив Фенербахче“, изјави Мурињо. Во интервју дадено пред неполни три месеци, Мурињо изјави дека има целосна доверба во шпанските судии и нагласи дека не верува оти некој од активните арбитри е „пријател на Негреира“. Сепак, неговата најнова изјава предизвика реакции, бидејќи повторно ги поврза своите проблеми со пошироки околности околу судењето и скандалите во клубовите каде што работел. Критичарите на Мурињо сметаат дека Португалецот и овојпат одговорноста за неуспесите ја бара надвор од себе и својот тим.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.