September 18, 2025 | | Свет
По отказот од Фенербахче, Жозе Мурињо веднаш имаше големо враќање во фудбалот каде веќе е потврден како нов тренер на Бенфика. Португалецот доби отказ на крајот на август по елиминацијата токму од Бенфика во плеј-офот за Лигата на шампионите. Сега „орлите“ решија да му ја доверат клупата, 25 години по неговиот прв престој во клубот. Официјалната потврда се очекува во наредните денови, но првиот човек на Фенербахче, Али Коч, реагираше со сомнеж за целата ситуација. „Некако многу чудна животна коинциденција. Мурињо е толку брилијантен што предвиде дека Бенфика ќе загуби од Карабах, а дури погоди и дека Бруно Лаж ќе добие отказ. Марио Бранко, кој беше спортски директор кај нас, сега е во Бенфика – сигурно имале план…“, изјави Коч.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |