November 30, 2024 | | Свет
Борусија Дортмунд и Баерн ремизираа во големото германско дерби, во 12. коло од Бундес лигата. Натпреварот заврши 1:1, а лоша вест за Берн е повредата на Хари Кејн, кој ја напушти играта во 33. минута. Домаќините беа поблиску до победа, но Баварците на крајот успеаја да дојдат до бод, заврши 1:1. Борусија Дортмунд поведе во 27. минута кога Нико Шлотербек на повеќе од 50 метри му подаде на Џејми Гитенс, кој како брз воз влета кон голот на Баерн и со брилијантен удар го матираше противничкиот голман. Тоа беше првиот примен гол на Баварците по 697 минути. Последен пат примија во тежок пораз од Барселона (4:1) пред пет недели во Лигата на шампионите. Дури двајца играчи, по еден на двете страни, предвреме ги завршија своите настапи. Прво, Валдемар Антон мораше да ја напушти играта за домаќините, а влезе Никлас Суле. Баерн доживеа уште поголем удар бидејќи во 33. минута се повреди Хари Кејн, а наместо него мораше да влезе Томас Мулер. Резултатот во Дортмунд не се промени се до 85. минута кога Мајкл Олисе нафрли, а Џамал Мусиала со глава ја упати топката во мрежата. Германскиот фудбалер им донесе победи на Баварците против Бенфика во Лигата на шампионите и Сент Паули во првенството, а сега донесе и бод против големиот ривал.
GOAL BAYERN JAMAL MUSIALA GET THE EQUALISER AGAINST DORTMUND #BVBFCBpic.twitter.com/WnHlYpUbUg
— BUKAYO 🌶 (@BestOfBukayo) November 30, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |