Мусиала на мали години бил трениран од Македонец тренер

June 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мусиала на мали години бил трениран од Македонец тренер

Џамал Мусиала е една од ѕвездите на Европското првенство засега. До овој момент тој е единствениот играч на ова Европско првенство кој постигна два гола. Заслуга за неговиот развој има и македонскиот тренер Бранко Миленковски. Имено, тој е роден во Штутгарт, а кога имал две години со семејството се преселиле во градот Фулда каде покажал интерес за фудбал, па родителите решиле да го вклучат и да биде дел од ТСВ Ленерц Бамбини. „Мусиала го предводеше тимот до седум години до титула на локален турнир, а на секој од натпреварите постигнуваше меѓу пет и 10 голови. Поради тоа решивме да му дадеме шанса да игра за поголемите момчиња. Џамал е неверојатен талент. Тој танцуваше околу останатите играчи на теренот“, изјавил Миленковски. Наводно, тие двајца соработула две години, од 2008 до 2010 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.