На англискиот дефанзивец не му треба медал: Важно му е сеќавањето од успехот

July 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

На англискиот дефанзивец не му треба медал: Важно му е сеќавањето од успехот

Марк Гуеи кој во моментов игра за екипата на Кристал Палас во Премиер лигата е важна карика во селекцијата на Англија каде се наметна во првиот состав на ова Европско првенство. Ова ќе биде најголемиот испит за Англија, но Гуеи тврди дека медалот од Европското првенство не му е потребен, туку важни му се само сеќавањата на големиот успех. „Медалот ќе им го дадам на моите родители, тие ќе ја чуваат. Мене ми се важни сеќавањата кои може да се поделат. Искрено, тоа е најважно. Уживам. Понекогаш сум нервозен, но се обидувам тоа чувство да ми биде од помош.“ – вели Гуеи. Постојат одредени шанси Гуеи ова лето да направи голем трансфер особено во некој од гигантите во Премиер лигата.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.