На Анри не му се допаѓа правилото: И со три гола во гости немаш предност

May 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

На Анри не му се допаѓа правилото: И со три гола во гости немаш предност

Синоќешниот натпревар помеѓу Барселона и Интер заврши со неверојатни 3:3 и предизвика бурни реакции, меѓу кои се издвојува и онаа на Тиери Анри, поранешниот француски напаѓач и актуелен фудбалски аналитичар на „CBS Sports“. Анри проговори и за укинатото правило за голови постигнати на гостински терен. „Разговарав со Џејми Карагер и не можев да си објаснам како е можно да дадеш три гола на гости и тоа да не ти донесе никакво олеснување?“, изјави Анри, додавајќи дека за него тоа правило секогаш било фер и значајно. „Сега, дури и да постигнеш три, тоа не ти гарантира ништо, се почнува од почеток во реваншот“, подвлече тој, признавајќи дека и покрај времето што поминало, сè уште не може да се помири со неговото исчезнување од фудбалската сцена. Анри ја пофали и играта на Интер, нагласувајќи дека бил пријатно изненаден од пристапот и храброста на тимот од Милано. „Да бидам искрен, не очекував Интер да излезе со толку силен менталитет. Но, морам да им оддадам признание, одиграа цврсто, со самодоверба и без страв од Барселона“, рече тој. Натпреварот беше вистинска фудбалска драма. Интер двапати водеше, прво со 2:0, а потоа и со 3:2, но Каталонците најдоа начин да се вратат и на крајот да освојат бод пред своите навивачи на стадионот „Луис Компањс“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.