September 5, 2024 | | Свет
Касемиро во моментов го поминува еден од најтешките периоди како фудбалер на Манчестер Јунајтед откако на последниот натпревар, му поклони два гола на Ливерпул и сега е на удар на жестоки критики. Се појавија информации дека Галатасарај е заинтересиран за Бразилецот, но огромната плата која тој ја има е проблем за секој заинтересиран клуб. Во Јунајтед тој неделно заработува 375.000 фунти, а годишно добива околу 20 милиони фунти. Преодниот рок во Турција завршува на 13 септември, а според „Daily Mail“, Касемиро не е подготвен, барем летово да го напушти Јунајтед и ќе ја одбие секоја понуда од Турција. Се очекува неговиот статус да се промени со доаѓањето на Мануел Угарте од ПСЖ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |