На легендата на Арсенал не му е јасно: Како Мбапе на 22 години не знаел да користи кредитна картичка?

September 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

На легендата на Арсенал не му е јасно: Како Мбапе на 22 години не знаел да користи кредитна картичка?

Поранешниот француски репрезентативец и играч на Марсеј, Арсенал и Манчестер Сити, Самир Насри, изрази шок и изненадување по откритијата на мајката на Килијан Мбапе, Фајза Ламари. Во интервју за Л’Екип, таа објасни дека нејзиниот син, и покрај статусот на светска фудбалска ѕвезда, дури пред четири години за првпат почнал да користи кредитна картичка. Насри реагираше со сериозни забелешки. „Шокиран сум, како е можно на 22 години да учиш како да употребиш кредитна картичка? Јас станав професионалец на 17 години, заедно со Жереми Менез, и тоа не не спречи да излегуваме, да се движиме меѓу луѓе. Испаѓа дека Мбапе нема никаква независност и слобода“. Тој додаде и дека фактот што Мбапе нема возачка дозвола не е нормален. „Возачка дозвола ви дава независност, можност сами да одлучувате што ќе правите и кога. Да пораснете во маж, мора да правите грешки додека одите напред“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.