На Мбапе не му беше јасно зошто доби жолт, па судијата му објасни: „Тоа е непочитување“

September 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

На Мбапе не му беше јасно зошто доби жолт, па судијата му објасни: „Тоа е непочитување“

Во последниот дуел на Реал Мадрид во рамките на шестото коло од Ла Лига, домаќинот славеше против Еспањол со 4:1, а судијата на натпреварот Хозе Луис Мунуера Монтеро кон средината на првото полувреме му покажа жолт картон на Килијан Мбапе. На Французинот воопшто не му беше јасно зошто го доби тој картон. Но, разговорот меѓу нив двајца беше објавен и судијата бил на став дека неговото однесување е непочитување кон него, па тоа е причината за картонот. Судијата: „Тоа е непочитување кон мене“ Мбапе: „Ништо не кажав, ништо не кажав. Воопшто не зборував, не зборував“. Судија: „Тоа е непочитување Килијан“. Мбапе: „Но, не кажав ништо, само гестикулирав. Разговарајте со мене, не можете да ми дадете картон за такво нешто“. Судија: „Тоа беше гест на непочитување кон мене, направи многу грди работи и затоа ти дадов жолт картон“. Мбапе: „Но, не кажав ништо“. Судија: „Не се работи за тоа дали зборуваме или не, туку каков говор на телото имаме и каква реакција правиме“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.