На Нико очигледно не му се мрда: Спремен сум за следната сезона! (ВИДЕО)

August 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

На Нико очигледно не му се мрда: Спремен сум за следната сезона! (ВИДЕО)

Нико Вилијамс скоро па сигурно останува во Атлетик Билбао наредната сезона. На клупскиот канал тој беше запрашан за тоа дали е спремен на што тој рече: „Сѐ е во ред. Јас се вратив и едвај чекам да почне сезоната. Напред Атлетик!“, кратко рече тој. Ова треба да биде повеќе од јасна порака за тоа во кој клуб ќе игра тој наредната сезона. Сепак, Барселона ќе се надева до самиот крај дека тој би можел да ја промени одлуката. Тој од претходно го отпиша ПСЖ како опција, па дилемата беше Билбао или Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.