На Саутгејт му е угодно: Тој е убедливо најплатениот селектор на ЕП

June 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

На Саутгејт му е угодно: Тој е убедливо најплатениот селектор на ЕП

Пред почетокот на Европското првенство се појавуваат различни инфорамции. Истражувањето на Finance Football ја покажува годишната плата на тренерите на националните тимови кои ќе играат на ЕУРО 2024 година во Германија. Герет Саутгејт (Англија) е најдобро платен, со годишна плата од 5,8 милиони евра, пред германскиот менаџер Џулијан Нагелсман, кој заработува околу 4,8 милиони евра годишно. На листата е и селекторот на Португалија Роберто Мартинез кој е трет најплатен селектор со плата од 4 милиони евра годишно. Веднаш зад него е селекторот на Франција, Дидие Дешамп. Неговата годишна плата е 3,8 милиони евра. Со плати од 3 милиони евра, Роналд Куман (Холандија) и Лучијано Спалети (Италија) исто така ги предводат тимовите кои имаат што да кажат на турнирот, иако се далеку од своите најдобри моменти. Турнирот ќе се одржи помеѓу 14 јуни и 14 јули во Германија. Листа на најплатените селектори на ЕП 2024 Герет Саутгејт (Англија) – 5,8 милиони евра Јулијан Нагелсман (Германија) – 4,8 милиони евра Роберто Мартинез (Португалија) – 4 милиони евра Дидие Дешамп (Франција) – 3,8 милиони евра Роналд Куман (Холандија) – 3 милиони евра Лучијано Спалети (Италија) – 3 милиони евра Виченцо Монтела (Турција) – 1,8 милиони евра Мурат Јакин (Швајцарија) – 1,6 милиони евра Златко Далиќ (Хрватска) – 1,5 милиони евра Ралф Рангник (Австрија) – 1,5 милиони евра Доменико Тедеско (Белгија) – 1,5 милиони евра Драган Стојковиќ (Србија) – 1,4 милиони евра Луис де ла Фуенте (Шпанија) – 1,25 милиони евра Сергеј Ребров (Украина) – 1,25 милиони евра Каспер Хјулманд (Данска) – 1,15 милиони евра Силвињо (Албанија) – 0,75 милиони евра Михал Пробиерж (Полска) – 0,56 милиони евра Стив Кларк (Шкотска) – 0,55 милиони евра Франческо Калцона (Словачка) – 0,54 милиони евра Марко Роси (Унгарија) – 0,3 милиони евра Матијаш Кек (Словенија) – 0,3 милиони евра Иван Хашек (Чешка) – 0,25 милиони евра Едвард Јорданеску (Романија) 0,24 милиони евра Вили Сањол (Грузија) – 0,2 милиони евра

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.