На Саутгејт тешко му одеше како тренер, па си најде нова работа

September 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

На Саутгејт тешко му одеше како тренер, па си најде нова работа

Герет Саутгејт летово со Англија стигна до уште едно финале на Европското првенство каде и во вториот наврат беше поразен, овој пат од Шпанија. Имаше огромни критики на негово име за ужасната игра на неговата селекција, а пред почетокот на турнирот рече дека доколку не дојдат до трофејот, ќе замине. После неуспешната етапа, тој си најде нова работа. Саутгејт ќе работи во УЕФА и тоа како технички набљудувач, односно ќе анализира фудбалски натпревари од тренерска перспектива ќе работи на нови трендови во фудбалот. Неговата задача ќе биде да испраќа видеоматеријали каде има негова анализа околу натпреварите. Претходно, истата позиција ја обавувале Фабио Капело, Аврам Грант и Франк Де Бур.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.