На стоперот на Реал Мадрид му се закануваат две и пол години затвор

August 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

На стоперот на Реал Мадрид му се закануваат две и пол години затвор

Раул Асенсио, фудбалер на Реал Мадрид, може да заврши зад решетки и да добие казна затвор од две и пол години, откако јавниот обвинител поднесе обвинение против него заради споделување видео-снимка со недозволена содржина. Снимката, на која тројца негови поранешни соиграчи имаат сексуален однос со две девојки на Канарските Острови, предизвика голем скандал, особено бидејќи девојките биле малолетнички на возраст од 16 и 17 години. Иако тие дале согласност за односот, не дале дозвола да бидат снимани, ниту пак содржината да биде споделувана. Асенсио не учествувал во односот, но ја споделувал снимката, поради што обвинителството бара да му биде изречена казна затвор од две и пол години. Младиот играч оваа сезона успеа да се наметне и да добие минутажа во првиот тим на Реал Мадрид под водство на Карло Анчелоти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.