На Жота му било кажано да не лета со авион, па тргнал со автомобил да се враќа во Англија

July 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

На Жота му било кажано да не лета со авион, па тргнал со автомобил да се враќа во Англија

Фудбалскиот свет сè уште е во шок, а новите детали кои ги објавија португалските медиуми само ја продлабочуваат трагедијата што го одзеде животот на Диого Жота и неговиот брат Андре. Според најновите информации, Жота не планирал да патува по копно, но поради неодамнешна операција на белите дробови, докторите му забраниле да патува со авион. Решен да му се приклучи на Ливерпул на време за стартот на подготовките на 7 јули, тргнал со автомобил кон Сантандер, каде требал да се качи на траект до Портсмут и потоа да продолжи до Мерсисајд. Но судбината имаше други планови. При обид за престигнување на автопат во областа Замора, Шпанија, на неговото „Ламборгини“ му пукнала гума, по што возилото излетало од патот и веднаш се запалило. Пожарот за миг ја голтнал колата, а обидите на итната помош беа залудни — двајцата браќа починале на лице место.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.