Нагелсман бесен по поразот: Можеби следниот пат ќе повикам пожртвувани играчи

September 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нагелсман бесен по поразот: Можеби следниот пат ќе повикам пожртвувани играчи

Германија со пораз од 2-0 на гостувањето кај Словачка ги започна квалификациите за Светското првенство, а селекторот Јулијан Нагелсман остро ги критикуваше своите избраници за слабата игра и недоволната борбеност. На прес-конференцијата по натпреварот, младиот стратег јавно ја доведе во прашање мотивираноста на фудбалерите. „Со исклучок на двајца-тројца кои се повредени, ова се најдобрите играчи кои Германија може да ги понуди во овој момент. Но, можеби следниот пат ќе повикам играчи со помалку квалитет, кои барем ќе дадат сè од себе на теренот“, рече Нагелсман, јасно алудирајќи на недостатокот на пожртвуваност. Тој додаде дека само техничката надмоќ не е доволна ако недостасува борбен дух. „Не е доволно само да бидете поквалитетни од противникот. Ако не покажете желба и глад за победа, ништо нема да постигнете. Пред неколку дена гледавме како Баерн се мачи со Веен во Купот – тоа не беше поради квалитетот на противникот, туку затоа што тие покажаа повеќе емоција и волја. Исто беше и со нас против Словачка.“ По овој пораз, Германија веќе се најде под притисок во групата и ќе мора да реагира на следните натпревари ако сака да ја оправда улогата на фаворит.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.