Нагелсман: Имавме непријатен разговор со Марк, мислев ќе му дојде преку глава од ситуацијата

September 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нагелсман: Имавме непријатен разговор со Марк, мислев ќе му дојде преку глава од ситуацијата

По повлекувањето на Мануел Нојер од репрезентацијата на Германија, Марк Андре Тер Штеген конечно стана прв голман. Тој со години беше втор голман каде отворено зборуваше дека воопшто не е задоволен од неговиот статус. Зборувајќи за Тер Стеген, селекторот Нагелсман рече дека имал непријатен разговор со голманот на Барселона пред самиот почеток на Европското првенство. „Тој е важен играч за нас, со години е прв голман на Барселона и капитен на тој голем клуб. Знаеме дека со него имаме квалитет и сигурност на голот. Ќе бидам искрен, тој навистина предолго беше втор голман на Германија. Конверзацијата која ја имавме во март не беше пријатна. Имав страв дека ќе му дојде преку глава и дека ќе каже „нема да бидам повеќе дел од ова“! Ќе го сфатев да го направеше тоа, предолго беше во втор план, но сега има вистинска шанса“, рече Нагелсман.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.