October 8, 2024 | | Свет
Јулијан Нагелсман се најде во една непријатна ситуација откако поранешниот голман на Арсенал кој сега брани за Фулам Бернд Лено ја одбил поканата на селекторот на германската фудбалска репрезентација за натпреварите кои ќе се одиграат во Лигата на Нации. „Ми кажаа дека ќе бидам дел од составот, но дека нема да играм. Затоа решив да останам во Лондон и тука да тренирам. Јулијан знае дека секогаш сум бил тука за репрезентацијата и секогаш сум сакал да помогнам. Со своите 32 години веќе не сум без искуство, никогаш не сум имал претензии да бранам пред Нојер или Тер Штеген, секогаш сум има разбирање. За мене секогаш било огромна чест кога сум бил дел од репрезентацијата“, рече Лено. Лено беше свесен дека покрај Нојер и Тер Штеген навистина е тешко да добие шанса да брани за селекцијата. Дури и сега кога едниот е пензиониран од селекцијата, а другиот е повреден, тој пак нема да брани. Имено, шанса за да биде прв голман ќе добие Оливер Бауман, а тоа ептен го разочарало Лено.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |