Наивен потег на Анте Ребиќ: Го згазна противникот и заработи црвен картон (ВИДЕО)

January 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Наивен потег на Анте Ребиќ: Го згазна противникот и заработи црвен картон (ВИДЕО)

Анте Ребиќ повторно заигра во Серија А, но враќањето во италијанското калчо за хрватскиот крилен напаѓач не започна според планот. Во натпреварот против Каљари, кој Лече го загуби со убедливи 4-1, Ребиќ направи сериозен кикс. Се играше 73. минута кога напаѓачот направи неспортски потег, згазнувајќи го Јери Мина. По ВАР проверката, главниот судија без двоумење му покажа црвен картон, оставајќи го својот тим во уште потешка ситуација. Овој инцидент го засени неговото враќање и предизвика критики од фудбалската јавност.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.