Најомразениот играч во фудбалот доби своја серија

April 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Најомразениот играч во фудбалот доби своја серија

Документарната серија насловена „Baila, Vini“, што во превод значи „Играј, Вини“, ќе биде достапна на „Нетфликс“ од 15 мај. Официјалната најава конечно ги откри и името и датумот на премиерата, откако со месеци се шпекулираше за проектот посветен на бразилската ѕвезда на Реал Мадрид. Винисиус Жуниор, еден од најексплозивните напаѓачи на денешницата и клучна фигура во редовите на „кралскиот клуб“, ќе добие свое филмско остварување кое ветува искрен и длабок поглед на неговиот живот и кариера. Серијата ќе го раскаже неговиот подем од сиромашните улици на Бразил, па сè до големата слава на „Сантијаго Бернабеу“. Покрај неговите успеси на теренот, во документарецот ќе бидат обработени и некои лични и општествени теми, меѓу кои доминира неговата храбра борба против расизмот, прашање за кое Винисиус често и отворено зборува. Публиката ќе има можност да го запознае Винисиус одблиску, дури и оние кои не се негови најголеми фанови. Во серијата ќе се појават и ѕвезди од фудбалскиот свет блиски до Бразилецот како Нејмар, Џуд Белингем, Карим Бензема, Роберто Карлос и Тони Крос.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.