May 1, 2025 | | Свет
Романтичната приказна меѓу Алиша Леман и Даглас Луиз повторно заврши, и овојпат изгледа засекогаш. Двајцата фудбалери, кои заедно се преселија од Астон Вила во Јувентус со цел да останат блиску, одлучиле да тргнат по различни патишта поради несогласувања околу иднината. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, клучната причина за разделбата била тоа што Луиз сакал трансфер на крајот од сезоната, додека Леман, која блеска со женскиот тим на Јувентус, не планира да ја напушти Италија. Дополнително, односот бил под притисок и поради незадоволството на Луиз од неговата улога во тимот и сѐ погласните шпекулации за интерес од клубови како Нотингем Форест. Интересно е и тоа што Даглас Луиз не присуствуваше на натпреварот на кој Леман ја освои титулата со Јувентус, што дополнително фрла сенка врз нивната врска. Алиша Леман во минатото отворено зборуваше за својата сексуалност и ставовите за прифаќањето во фудбалот, нагласувајќи дека нејзината генерација расте со поинакви вредности (бисексуалност). Таа врска веќе еднаш беше прекината во 2023 година кога таа имаше афера со Рамона Бахман, но парот се смири. „Би рекла дека бисексуалноста е нормална за нас во женскиот фудбал. Сите не прифаќаат такви какви што сме. Во светот, повеќето луѓе велат дека прифаќаат сѐ, а потоа зад грб велат: ‘Бог да чува’. Мојата генерација порасна со вредности во кои секој е прифатен. Можеби повозрасните генерации имаат проблем со тоа, но мислам дека за 20 години тоа нема да биде проблем“, изјави тогаш Алиша Леман.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |