Најзалудно потрошени 60 евра за влезница на ЕП: Гледал во столб!

June 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Најзалудно потрошени 60 евра за влезница на ЕП: Гледал во столб!

Полска е првата селекција на ова Европско првенство која ги загуби сите шанси за понатамошен пласман, а еден навивач имаше необична глетка подржувајќи ја својата селекција во поразот од Австрија со 3:1. Навивачот платил 60 евра за влезница објавил фотографија каде јасно се гледа дека седи пред столб и буквално ништо не гледа на теренот. „Шеесет евра за ова седиште“, напиша фанот по име Даниел на Твитер. Се поставува прашањето како е можно да се продаваат вакви влезници на фановите.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by 433 (@433)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.