March 1, 2025 | | Свет
Турската фудбалска федерација ја преполови суспензијата на Жозе Мурињо и ја намали неговата парична казна, откако ја прифати жалбата на Фенербахче. Португалскиот стратег првично доби забрана од четири натпревари и казна од 44.000 долари поради навредливи коментари за судењето по ремито со Галатасарај. Федерацијата образложи дека неговите изјави биле насочени против турската фудбалска заедница и судиите, што доведе до санкции. Сепак, со одлуката донесена денеска, Мурињо ќе пропушти вкупно два натпревари – веќе не го водеше тимот против Газиантеп, а нема да биде на клупата ниту за дуелот со Анталијаспор во Суперлигата. Паричната казна му е намалена на околу 15.000 долари. Главен судија на спорниот натпревар беше Словенецот Славко Винчиќ, ангажиран по барање на двата клуба. По натпреварот, Галатасарај го обвини Мурињо за расизам, додека Фенербахче тврди дека неговите зборови биле извадени од контекст.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |