Наместо да даде автограм, Нани го зеде дресот од навивачот и побегна!

October 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Наместо да даде автограм, Нани го зеде дресот од навивачот и побегна!

Португалецот е далеку од своите најдобри денови и во моментов настапува за Естрела Амадора. Сега тој направи скандал кој го привлече вниманието на јавноста. Како што пренесе „The Sun“, навивач се појавил пред клупскиот спортски центар во дресот на Нани, со кои Португалија настапија на Европското првенство во 2016 година, кога всушност станаа и европски прваци. Детето побарало од Нани да се потпише на дресот, но како за чудо, Португалецот го зел дресот и побегнал. Детето пријавило во полицијата, а Нани потоа изјавил дека тоа го направил мислејќи дека тоа е неговиот дрес кој бил украден од неговиот дом во 2017 година. Најголем траг во својата кариера остави во Манчестер Јунајтед, а има настапувано и за Спортинг Лисабон, Фенербахче, Валенсија, Лацио, Орландо сити, Венеција, Мелбурн виктори и Адана.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.