August 2, 2024 | | Свет
По завршувањето на натпреварот против Милан, Анчелоти беше полн со пофалби за друго талентирано момче, а не за Ѓулер и Ендрик. Станува збор за дефанзивецот Жоан Мартинез кој има само 16 години. “Жоан Мартинез има потенцијал, има се што му треба на еден централен бек. Добар е со топката, многу е внимателен. Има многу работи што треба да се подобрат, но тој може да има иднина во Реал Мадрид. Тие завршија одлична работа со него во младинскиот систем бидејќи тој е многу добар“, додаде тој“, рече Анчелоти. Токму овој талентиран играч заедно со Куртоа добија највисоки рејтинзи од сите играчи на Реал на натпреварот. Мартинез важи за еден од најдобрите таленти во академијата на Реал Мадрид. Тој следната сезона би требало да биде дел од Кастиља, иако Анчелоти поради кризата со повреди би можел да го промовира во првиот тим.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |