„Наместо повеќе пари, новата ЛШ ни донесе повеќе натпревари“

October 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Наместо повеќе пари, новата ЛШ ни донесе повеќе натпревари“

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта „удри“ по новиот формат на Лигата на шампионите кој од годинава е во лигашки формат. Според него, со зголемениот број на натпреварите, доаѓа до оптоварување на фудбалерите. „Мислев дека ќе добиеме повеќе пари, но се покажа дека добивме повеќе натпревари. Да се ​​освои Лигата на шампионите е престижно, но очекував се да биде поинаку. Суперлигата? Таа е пожива од кога било и се е подготвено за неа. Потребно е само да се постигне разбирање со фудбалските организации. Барселона ќе се обиде да ја игра улогата на мост меѓу Суперлигата и федерациите. Јас сум против овој турнир. УЕФА го организира преку задната врата. Таму не се почитуваат правата на играчите, а клубовите плаќаат. Работите мора да се регулираат за да бидат во интерес на играчите и клубовите“, рече Лапорта.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.