April 16, 2025 | | Свет
Фудбалска Европа оваа сезона ќе добие нов шампион, откако Реал Мадрид беше елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампиони од страна на моќниот Арсенал. На „Сантијаго Бернабеу“ вечерва падна последниот удар. Англискиот премиерлигаш славеше со 1-2, и покрај тоа што имаше огромна предност од првиот натпревар (3-0). Реал се обиде да се врати во живот. Винициус Јуниор успеа да израмни на 1-1 во 67. минута, само две минути по водството на Арсенал, кое го донесе Букајо Сака. Габриел Мартинели стави печат на елиминацијата со гол во 93. минута, за конечни 1-2 и двојна победа на „топчиите“. „Кралскиот клуб“ имаше шанса да поведе во првото полувреме, кога доби пенал по падот на Килијан Мбапе, но по ВАР преглед судијата Франсоа Летексие ја промени одлуката и пеналот беше поништен. Од друга страна, Арсенал исто така не го искористи својот прв пенал уште во раната фаза од мечот, Сака не успеа да го совлада Куртоа од белата точка. По цели 180 минути доминација, Арсенал заслужено се пласира во полуфиналето, оставајќи го Реал без шанса да ја одбрани титулата. Головите погледнете ги ТУКА
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |