November 18, 2024 | | Свет
Договорот на шпицот на Лил Џонатан Дејвид истекува по завршувањето на оваа сезона и тој нема намера да го продолжи договорот. Тој се поврзува со клубови како Баерн Минхен и Јувентус, а сега јавно призна за кого би сакал да игра. „Барселона беше мој омилен тим додека растев, кога за еден клуб навивате од детството, тогаш и вашиот најголем сон е да заиграте за тој клуб“, изјави Дејвид. Сезонава за Лил има 13 гола на 19 натпревари, а има и две асистенции. Барселона ќе мора да најде долгорочно решение за Левандовски кој наредната година ќе наполни 37 години.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |