Наполи дојде до своето четврто скудето во историјата! (ВИДЕО)

May 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Наполи дојде до своето четврто скудето во историјата! (ВИДЕО)

Наполи ја оствари својата мисија и по четврти пат во својата историја го освои Скудетото, откако во последното коло од Серија А го совлада Каљари со 2-0. Со оваа победа, тимот од Неапол ја зацврсти првата позиција на табелата и повторно се искачи на тронот на италијанскиот фудбал, две години по претходниот триумф. Иако и Интер славеше во својот дуел, надежите за пресврт беа залудни. Двете пресудни средби беа одиграни во посебен, петочен термин, со оглед на важноста на исходот за титулата. Еуфоријата во Неапол достигна врв – речиси половина милион навивачи се обидоа да обезбедат билет за мечот на „Диего Армандо Марадона“, иако стадионот собира само 55.000 гледачи. Најсреќните имаа чест во живо да го проследат историскиот момент и да го видат својот тим како го крева трофејот. Антонио Конте уште еднаш покажа зошто важи за врвен стратег – ова му е петта титула во Серија А во тренерската кариера. Под негово водство, Наполи ја заврши сезоната како апсолутен првак, а само една година претходно тимот беше на десеттата позиција. Головите на Скот Мектоминеј и Ромелу Лукаку му ја донесоа сигурната победа на Наполи, кој го контролираше мечот од почеток до крај и целосно заслужено ја обезбеди титулата, симнувајќи го од врвот актуелниот шампион. Интер преку Стефан Де Фрај и Хоакин Кореа славеше против Комо, а од помош беше црвениот картон на Пепе Реина во финишот на првото полувреме.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.