July 18, 2025 | | Свет
Виктор Осимен е на чекор до преселба во Истанбул – Наполи и Галатасарај ги финишираат деталите околу трансферот вреден 75 милиони евра, од кои 40 милиони ќе бидат платени веднаш, а остатокот до крајот на 2026 година. Но, она што најмногу привлече внимание е заштитната клаузула што ја вметнаа „наполитанците“. Имено, Галатасарај нема право да го продаде Осимен на клуб од Серија А во наредните две години, а ако го стори тоа, ќе мора повторно да му исплати 75 милиони евра на Наполи – сума еднаква на сегашниот трансфер. Со овој потег, Наполи се осигурува дека нивниот поранешен прв стрелец нема бргу да ги засили директните ривали во Италија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |