June 20, 2025 | | Свет
Италијанските медиуми пренесуваат за потенцијална трансфер-бомба во која би биле вклучени тројца врвни напаѓачи: Дарвин Нуњез, Федерико Киеза и Виктор Осимен. Станува збор за можна трампа меѓу Наполи и Ливерпул што би го одбележал овок трансфер период. Наполи активно работи на продажба на својот највреден фудбалер Виктор Осимен, и според најновите информации, една од најреалните опции е негова преселба на „Енфилд“. Дел од потенцијалната зделка би биле уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез и италијанскиот репрезентативец Киеза. Сепак, клучниот проблем во остварувањето на трансакцијата е различната проценка на вредностите на играчите од страна на двата клуба. Клубот од Неапол го вреднува Нуњез на 40 милиони евра, а Киеза на 10 милиони евра. Бидејќи откупната клаузула на Осимен изнесува 75 милиони евра, Наполи бара Ливерпул да доплати уште 25 милиони евра за да се комплетира трампа. Англискиот гигант има поинаква сметка. Тие го вреднуваат Нуњез на повеќе од 50 милиони евра, а Киеза меѓу 10 и 15 милиони. Според таа проценка, Ливерпул смета дека комбинацијата Нуњез + Киеза е доволна противвредност за Осимен – без дополнителна доплата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |