Наполи ја совлада Фиорентина и останува на чекор зад Интер (Видео)

March 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Наполи ја совлада Фиорентина и останува на чекор зад Интер (Видео)

Наполи остана во чекор со лидерот Интер, откако со 2-1 ја совлада Фиорентина и ја задржа минималната бодовна разлика во битката за врвот. Ромелу Лукаку го отвори резултатот во 26. минута, а на почетокот од второто полувреме Џакомо Распадори зголеми на 2-0, најавувајќи сигурна победа за својот тим. Сепак, Фиорентина не се предаде – во 66. минута Гудмундсон намали на 2-1, враќајќи ја неизвесноста во натпреварот. Иако „виолетовите“ се обидоа да израмнат, не успеаја да најдат пат до голот и претрпеа четврти пораз во последните пет натпревари. Со овој триумф, Наполи стигна до 60 бодови, само еден помалку од првопласираниот Интер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.