May 20, 2025 | | Свет
Аурелио Де Лаурентис, претседателот на Наполи, наводно е подготвен да ја разгледа можноста за трансфер на својата голгетерска ѕвезда, Виктор Осимен, токму кај најголемиот ривал – Јувентус. „Старата дама“ е решена да го засили својот напад и го гледа Нигериецот како идеален наследник на Душан Влаховиќ. Зад затворени врати веќе се водат разговори меѓу Јуве и агентите на Осимен, во обид да се создаде терен за една од најсензационалните зделки во последната деценија на Серија А. Иако Де Лаурентис би преферирал Осимен да замине во странство, реалноста на трансфер пазарот може да го принуди да направи исклучок – но само ако Јувентус го надмине историскиот трансфер на Гонзало Игуаин во 2016 година, вреден 90 милиони евра. Конретно за Јувентус, условот за да биде продаден Осимен е 100 милиони евра. Според последните шпекулации, Јувентус во моментов е подготвен да плати околу 80 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |