Наполи не успеа да дојде до победа кај незгодната Болоња, поделени бодовите (ВИДЕО)

April 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Наполи не успеа да дојде до победа кај незгодната Болоња, поделени бодовите (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од 31. коло во Серија А, Болоња и Наполи одиграа нерешено 1-1, во меч кој понуди атрактивни голови. Наполи поведе уште во 18. минута, кога Замбо Ангиса го искористи својот продорен квалитет претрча половина терен со топката, го издрибла голманот и постигна прекрасен гол. Сепак, предноста на гостите траеше до 64. минута, кога Дан Ндоје израмни со спектакуларен погодок со пета, гол кој е вистински кандидат за наградата Пушкаш. Тимот од Неапол не успеа да ги искористи киксовите на директните конкуренти, па остана на 65 бодa, три помалку од водечкиот Интер. Од друга страна, Болоња со освоениот бод се зацврсти на позицијата што води во Лигата на шампионите, имајќи 57 бодa и продолжува да сонува европска сезона. Иако Наполи важеше за фаворит на хартија, не успеа да го надмине незгодното гостување во Болоња и сега ќе мора да бара шанси во наредните кола за да се доближи до врвот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.