Наполи се спаси од пораз против Интер, битката за Серија А останува отворена (ВИДЕО)

March 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Наполи се спаси од пораз против Интер, битката за Серија А останува отворена (ВИДЕО)

Наполи веќе пет натпревари по ред не знае за победа во Серија А, но сепак извлече позитивен резултат во денешното дерби со Интер. Во директниот дуел на двата водечки тима во италијанското првенство, мечот заврши 1-1, со што битката за титулата остана отворена. Интер водеше до 86. минута и доколку успееше да триумфира, ќе создадеше четири бода разлика пред својот конкурент, 11 кола пред крајот. Сепак, Наполи израмни и со тоа спречи противникот да направи поголема предност, иако Интер, со полесен распоред во финишот, може да биде задоволен од резултатот. Гостите поведоа во 22. минута, кога Федерико Димарко постигна спектакуларен гол од слободен удар. По водството, Интер целосно го неутрализира Наполи, кој долго време не создаде сериозна закана. Сепак, во 86. минута, по одлична акција, Билинг шутираше, Мартинез одбрани, но од вториот обид, фудбалерот од средниот ред ја испрати топката во мрежата. Во 97. минута, Наполи можеше да стигне и до целосен пресврт, кога Мектоминеј доби одлична шанса, но неговиот удар беше блокиран.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.