Наполи славеше во 95. минута против Каљари, Суле ја спаси Рома (ВИДЕО)

August 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Наполи славеше во 95. минута против Каљари, Суле ја спаси Рома (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома ја продолжија максималната серија во новата сезона од Серија А, откако славеа со 1-0 на гостувањето кај новајлијата Пиза. Домаќините одиграа солидно и долго време им одолеваа на нападите на „волчицата“, но одлучувачкиот момент дојде во 55. минута, кога Суле ја затресе мрежата за 0-1. Само шест минути подоцна, истиот играч постигна нов погодок, но истиот беше поништен поради офсајд. Втор триумф во сезоната запиша и Наполи, кој со минимални 1-0 го совлада Каљари. „Партенопејците“ тешко дојдоа до трите бода и тоа дури во 95. минута, кога Ангуиса го скрши отпорот на гостите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.