August 15, 2025 | | Свет
Италијанскиот гигант Наполи сериозно се обидува да го врати Елиф Елмас, но понудата тешко дека ќе помине кај Лајпциг. Според „Газета дело Спорт“, наполитанците предлагаат прво едногодишна позајмица, а потоа траен трансфер за 12,5 милиони евра – двојно помалку од сумата од 25 милиони за која го продадоа пред година и пол. Елмас одлично го познава и градот и клубот, па од спортски аспект враќањето би било логично, но финансиската разлика е сериозна пречка. Со оглед дека преодниот рок завршува, наскоро ќе биде познато дали оваа операција ќе успее или ќе пропадне.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |